Холивудски филм за кој најмногу се зборува: Внимание привлекоа експлицитните кадри во кои актерките се соблекоа докрај

513

Кејт Винслет и Сирша Ронан со нивниот филм „Ammonite“, се најдоа на удар на многубројни критики поради експлицитните сцени и приказните за забранетата романса.

Холивудскиот филм „Ammonite“ е еден од оние за кои што во последно време многу се зборува, за што најзаслужни се ѕвездите Кејт и Сирша.

Кејт ја толкува улогата на Мери Енинг, прославената собирачка на фосили, а Сирша венчана жена со која што е во врска. Во филмот се прикажани како интимни љубовнички кои што се впуштаат во љубовна врска, а приказната се врти околу нивната забранета романса.

Најмногу внимание во јавноста привлекла секс сцената во која што и двете колешки разменуваат страстни бакнежи.

Но, Кејт и тоа како е горда на снимањето на филмот, што признала во интервју за „The Hollywood Reporter“ и додала дека е горда што го покажала своето голо тело во 40-те години од животот, како и на сцената на интимен секс која што е една од најексплицитните која што ја одиграла во својата кариера.

„Чувството не беше како она кога јадеш сендвич. Јас и Сирша ја смисливме сцената“, изјавила 44-годишната Кејт.

Филмот се соочи со многубројни критики затоа што приказната е фокусирана на љубовната романса, а истата е инспирирана од реални настани.

„Малку ми се измешани чувствата во врска со овој филм. Јас сум хомосексуалец и заслужен сум за прикажувањето на ЛГБТ ликови во филмовите, но очигледно дека Мери сама по себе е доволно интересна личност. Не морале да ги вклучуваат и нејзините сек*уални афери, затоа што за тоа не постои добра историска основа“, изјавил Картер за „Daily Mail“.

Погледнете го трејлерот: