Џесика Алба: Уште од 13 години почнаа сексуално да ме вознемируваат!

1006

Денес е мајка на три деца и е успешна бизнис жена, а Џесика Алба (37) својата актерска кариера ја започнала уште како девојче. Имала 13 години кога се појавила во првиот филм „Летен камп“, а славата ја постигнала на 22 години со серијата „Ангел на темнината“.

Џесика вели дека во текот на целата кариера била сексулано вознемирувана, но за среќа никогаш не биле преминати границите. Се се сведувало на непријатни средби и ситуации.

„Нормално дека во текот на целата кариера се соочував со тоа. Како млада глумица која е израсната со таква работа, едноставно се помируваш со тоа дека луѓето ќе се однесуваат со тебе на тој начин, иако тоа не е прифатливо. Беше непријатно, а можете да замислите како изгледаше тоа. Го работам ова од 13 години. Не беше едноставно“, рекла Алба. Вели дека брзо научила да се соочува со таквите ситуации, односно да пронајде начин за да излезе од нив.

„За среќа, никогаш ништо не излезе од контрола, но сум се нашла во најразлични ситуации“, вели глумицата. Затоа сега често разговара со своите ќерки, Онор Мари (10) и Хевен Гарнер (9) како да се заштитат.

„Мора да внимавате на знаковите кои ве предупредуваат дека постои опасност, да го слушате инстинктот кој ви кажува дека нешто не е како што треба“, вели Алба. Глумицата исто така ја изрази својата поддршка за феминистичкото движење „Me Too“, бидејќи работите долго време биле надвор од контрола.

„Се надевам дека за десет години ќе имаме повеќе разновидност во индустријата, пред и зад камерите“, вели глумицата.