Хаос во Грција, пристигна редок циклон, јахти летаат на сите страни (ВИДЕО)

317
Исклучително редок медитерански циклон „Медикејн“, кој Грците го нарекоа „Јанос“ рано утрово ја погоди Грција. Медиумите пренесуваат дека јахти летаат на сите страни.

Метеоролозите претходно јавија дека делови од Грција ги очекува редок метеоролошки феномен кој ќе го погоди грчкиот брег, со многу силни удари на ветар и огромни количини на дождови.

„Танјуг“ пренесе дека една јахта,која пловела под швајцарско знаме, носена од ударите на ветрови и струите, одлетала во карпи на полуостровот Итака.

Како што се наведува, лицата кои се наоѓале на јахтата успеале без помош да дојдат до брегот неповредени, пренесе агенцијата „АНА“.

Најновите прогнози покажуваат дека овој многу редок ураган би мижел да биде најјак во историјата на тоа подрачје.

Во Грција е издадено и предупредување од највисок степен, а жителите се повикани да се засолнат на сигурно.

Грчките метеоролози очекуваат огромни количини на дожд, поплави и ветрови ја јачина од над 200 километри на час.

Пристигнаа и снимки од бурата на популарното туристичко летувалиште Закинтос.

Грчките власти велат дека за сега има пријавени материјални штети, но дека за среќа нема настрадани.

Од надлежните служби велат дека се пријавени прекини на електрична енергија на островите Закинтос, Кефалонија и Итака.

За сега нема точни податоци за количините на дожд кои циклонот со себе ги донел, како ни силината на ветрот затоа што во они делови во кои „Јанис“ најјако „удира“ всушност нема струја па не е возможно мерење на податоци, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.