Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм објави серија фотографии и видео на кое носи само црни ленти на интимните делови од нејзиното тело.

Пејачката наизменично се менуваше во пози во високи чизми, а огромната опашка служеше како покривка во клучните моменти.

Дополнително, Јелена посвети посебен пост на ЛГБТ заедницата: „Ги исклучив коментарите поради ужасно болните навреди во коментарите на оние кои се борат за „нормалност“. Претпоставувам дека мислат дека е нормално да мразат, навредуваат и напаѓаат. Па нека си го тргнат гневот на мама што ги воспитала така!“, ја започнала објавата Карлеуша.

„Со големо жалење го прифатив фактот дека гордоста во Белград е откажана. Уште пострашно ми е што во овој момент се случуваат некакви немири каде наместо љубов, толеранција, еднаквост и слобода за сите , зборовите на омраза се слушаат под превезот на нормалност! Омразата не е нормална, омразата е болест. Белград е град кој сака да ги поддржува сите луѓе без разлика на нивната боја на кожа, верска или сексуална определба! Јас како граѓанин на Белград и како највлијателна и навидум најхрабра јавна личност, никогаш нема да дозволиме нашите сограѓани припадници на ЛГБТ заедницата да се чувствуваат помалку достојни, еднакви или слободни! Омразата не е решение и нема да ја толерирам“, заклучи Карлеуша, која и нејзините следбеници на Инстаграм ги почести со разголено издание…








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










