Во видео прилогот прикажани се сцени од ова време во годината, некарактеристични за Хрватска – една од најатрактивните туристички дестинации за многумина.
Германскиот јавен сервис емитувал шестминутно видео за Хрватска со име – „Очај на Јадранот“.
Во него се истакнува дека во Хрватска одвај има по некој турист и дека луѓето кои што работат во туристичкиот сектор се на голем финансиски удар.
„Вака изгледа криза во Хрватска“ – вели новинарката од германската телевизија додека во видеото оди кадар од над 100 празни јахти кои што се закотвени н пристаништето.
„Недостасуваат патници“ – истакнува новинарката во прилогот.
Потоа следат сцени кои што за ова време од годината се навистина некарактеристични за Хрватска.
„Масовниот туризам изостанува. Тоа е вистинска катастрофа за целата земја“ – се наведува во прилогот и се додава дека Сплит веќе ја чувствува таквата атмосфера.
Од друга страна пак, оваа телевизија пронашла и некои германски туристи во Сплит на кои што им се допаѓа тоа што нема метеж таму и што е многу поевтино од ланската сезона.
„Сега насекаде е ”happy hour”“ – вели еден од задоволните туристи.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















