Исламскиот свет се крена против Макрон: Го нарекуваат сатанист, палат слики, повикуваат на бојкот на Франција

133

Францускиот претседател Емануел Макрон се нашол на мета на демонстрантите ширум исламскиот свет, по изјавите по повод објавувањето на карикатури од пророкот Мухамед.

Десетина илјади демонстранти во Бангладеш го нарекле Макрон сатанист, и палеле негови фотографии, откако слични протести вчера биле одржани во Пакистан, Ирак, Турција и Појасот Газа, пренесува “Daily Mail”.

Тврдокорниот ирански весник “Ватан- Ембруз” на својата насловна страна објавил карикатура од Макрон како ѓавол, означувајќи го како анти-исламист и тврдејќи дека “француски екстремисти се видени како палат куран”.

Припадници на исламистичката група “Ислами Андолон Бангладеш” се приклучиле кон протестот во Дака со повици до муслиманите ширум светот да бојкотираат француски производи.

Демонстранти од групацијата која се заложува за воведување на исламско право во таа држава, носеле плакати со натпис “Сите муслимани во светот, обединете се” и “Бојкотирајте ја Франција”.

Учесниците во протестот носеле голема фотографија од Макрон со чевли околу вратот, пренесува “AP”.

Мнозински муслиманските земји се бесни поради изјавите на Макрон минатата недела и неговото одбивање да ги осуди карикатурите од пророкот Мухамед.

Макрон минатата недела го осудил убиството на Самуел Пати, наставник на кој на 16-ти октомври му била отсечена главата, наведувајќи дека била убиен бидејќи подучувал за “слобода на изразување, слобода да се верува или да не се верува”.