Градот Скопје ја информира јавноста дека во петок (17.08.2018 година) ќе се изврши артилериска стрелба во касарната „Илинден“, по повод 18 август – Денот на АРМ.
Во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од 6 артилериски орудија (хаубици), додека помеѓу 19:00 и 19:30 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.