Жичницата на Водно од утре, 1 ноември, ќе работи според зимско работно време, односно од 10 до 17 часот, соопшти ЈСП.
Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот. Овој режим на работа ќе важи до 1 март.
ЈСП потсетува дека неработни денови на Жичницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.
Од утре изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.
Возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















