Големо е името Перо Антиќ: Номиниран за тимот на деценијата во Евролигата

845

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија и кошаркар на Фенербахче, Црвена Звезда и Олимпијакос, Перо Антиќ, се наоѓа на списокот кандидати за најдобрите 10 играчи во тимот на деценијата во Евролигата.

Антиќ кој има три шампионски титули е еден од кандидатите за да биде ставен во идеалниот тим на Евролигата оваа деценија.

Тој меѓу настапите во Олимпијакос и Фенербахче, гордо го носеше дресот на Атланта Хокс во НБА лигата.

Освен Антиќ, во десетмината кои се потенцијални кандидати за најдобриот тим во Евролигата, ги има уште и Богдан Богдановиќ, Милош Теодосиќ, Ненад Крстиќ, Виктор Хријапа, Лука Дончиќ, Андреј Кириленко, Димитрис Дијамантидис, Хуан Карлос Наваро.