ВИДЕО: Легендарниот Стоичков „прсна“ во плач засрамен од бугарските хулигани

681

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ и најдобриот фудбалер на сите времиња во Бугарија, Христо Стоичков емотивно ги коментираше нередите во Софија на стадионот „Васил Левски“, кога англиските фудбалери беа навредувани на расна основа од бугарските хулигами.

Стоичков се расплака среде емисија на мексиканската телевизија, засрамен од своите сонародници.

„Решението е тие луѓе да се избркаат од стадион. Или уште поригорозни мерки, како во Англија пред многу години – пет години забрана за натпревари. Да научат еднаш засекогаш“, рече Христо, пред да запачне во емотивен плач.

Бугарија се соочува и со исфрлање од евро-квалификациите, а скоро сигурно ќе виде суспендиран и теренот со соседна Софија.