Рускиот покраински лидер под притисок на своите надредени бил принуден да ги измени податоците за заразените од пандемијата на коронавирусот во неговиот регион, што можело да се слушне на аудио снимката која што протекла во јавноста во понеделникот, а за која подоцна било утврдено дека е автентична.
Липецката област која што има 1.1 милиони жители пријавила само 1.696 заразени луѓе и пет смртни случаи до понеделникот, што е помалку од половина од процентот од вкупниот број на заразени лица во Русија.
„Мора да ги смениме бројките, во спротивно лошо ќе мислат за нашиот регион“ – се слуша на снимката машки глас за кој се верува дека е од гувернерот Игор Артамонов, во повик објавен на веб страницата Znak.com.
Leaked audio suggests Lipetsk governor Igor Artamonov may have tried to persuade reluctant subordinates to doctor Covid-19 stats. The story appears to reveal that it’s not so easy for a governor to do that and that he is not acting on orders from Moscow.https://t.co/ZcBFeKjD2C
— Leonid Ragozin (@leonidragozin) May 25, 2020
„Не го лажете регионот. Што е проблемот да се сменат податоците? Зарем не разбирате дека настапи момент на ескалација и дека нечии глави ќе мора да летаат?“ – вели тој.
Во двоминутната снимка Артамонов им зборува на подредените луѓе кои што очигледно се обидуваат да се спротивстават на неговите наредби.
„Тоа е посложено од еден клик“ – се слуша нечиј глас, но Артамонов одбива да попушти.
„Бројките кои што се појавуваат не се фактички. Три одвоени агенции даваат различни податоци. Фактичката состојба е поразлична од тоа што ние таму го пишуваме“ – вели Артамонов.
‘People will think bad things’: Russian governor appears to tell staff to change 'faked' coronavirus figures in leaked audio. Lipetsk governor Igor Artamonov contends his interest was ensuring the accuracy of figures. https://t.co/xyUoHZoPdR
— D.K.R. Boyd (@ReflectingMan) May 26, 2020
Овој скандал се случил откако светот постојано се прашуваше зошто смртноста како последица на коронавирусот е толку многу мала во Русија.
Според официјалните податоци таму досега има помалку од 4.000 смртни случаи, што е драстично помалку од земјите каде што има сличен број пријавени заразени луѓе од вирусот.