АТП во паника: Тенисот ќе пропадне по „големата четворка“

707

По пензионирањето на сегашните големи ѕвезди Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, тенисот ќе доживее тотален колапс.

Така мислат во Асоцијацијата на тениски професионалци (АТГП), тврди најпознатата тениска новинарка во светот Кетрин Витакер. Британката која работи за Еуроспорт и ББЦ, изјави дека челниците на АТП се загрижени дека интересот за овој спорт драстично ќе опасне бидејќи достојни наследници нема на видикот, а оваа „четворка“ постави многу високи граници.

„Победата на Зверев е одлична вест за АТП, ја прифатија со големо воодушевување. Колку и да е тенисот популаренм тие се загрижени за иднината. Се прашуваат што ќе се случи кога ќе се пензионираат Федерер, Надал, Ѓоковиќ, па и Мареј“, откри Витакер.

И покрај тоа што се влезени во четвртата деценија од своите животи, Федерер, Надал и Ѓоковиќ ги освоија последните осум Гренд слем титули. Федерер и Надал освоија по три, а Надал една. Во последните четири години, само Вавринка успеал да им влезе во шемата со триумфите на „Ролан Гарос“ и УС Опен, но дури и тој тогаш имаше повеќе од 30 години.