Дали сте расположени за одмор во луксузна куќичка на дрво?

71

Доколку одморот во луксузна куќичка на дрво ви звучи како совршен план, ја имаме вистинската понуда за вас…

Питер Пихлер, ценет милански архитект, дизајнирал раскошно одморалиште токму во овој стил, во Западна Вирџинија. Со отворањето кое е планирано за следната година, оваа „eco-friendly“ дестинација настанала како дело на истоименото студио на Пихлер, а изгледа навистина величенствено, токму како и своето природно опкружување.

Скапите куќички на дрво ќе се простираат на над стотина хектари зелена површина, со поглед кон идиличното езеро Досон и епскиот планински пејсаж.

Секоја куќичка ќе добие модерна, дијамантски обликувана силуета која се карактеризира со остри линии, што ќе биде во идеална јукстапозиција со зеленилото кое ги опкружува. Далеку од обичните куќички на дрво, овие зданија ќе бидат исполнети со луксуз и ќе им понудат на своите гости двокатен распоред на просторот. Во долното ниво ќе се најде мал дел за читање и ложа додека горниот кат се состои од спална соба и мало купатило. Како што е очекувано, куќичките ќе добијат раскошни парчиња мебел заедно со прозорци од подот до плафонот.

Покрај сето тоа, секоја структура ќе биде конструирана со употреба на локално набавени одржливи материјали за да одговора на предизвикот „Living Building“.

Освен куќичките на дрво, еколошкиот ресорт ќе содржи и центар за организирање настани, образовни работилници, голем програм посветен на визуелните уметности и перформанси како и бројни велнес понуди.