Во повеќе италијански градови одржани се протести против воведување нови рестрективни антипандемиски мерки кои бараат доказ за епидемиолошки статус за присуство на професори на настава и граѓани на настани во затворен простор.
Илјадници граѓани се собрале на Плошад на Народот во центарот на Рим извикувајќи “Нема зелен премин“ и “Слобода“.
In #Italy, citizens are burning their vaccine passports to protest the government’s authoritarian health mandates. Protests have erupted in 12 cities as people chant slogans such as “Born free and we’ll die free”.pic.twitter.com/INx8KQQ4x2
— Steve Hanke (@steve_hanke) August 7, 2021
Илјадници демонстранти демонстрирале и во Милано, а некои носеле значки до ѕвездата на Давид како оние кои ги носеле Евреите во Германија во време на нацистите, со зборовите “не е вакциниран“, пренесува АНСА
Околу 100 луѓе од движењето “Но Вак“ исто така се собрале во Неапол, особено противејќи се на вакцинирање деца, извикувајќи “Рацете подалеку од децата“ и “Срамота, Срамота“, пренесува Гардијан.
Зелената пропусница во рамки на дигитален ковид сертификат на ЕУ, од петокот станала задолжителна и во Италија, за влез во кина, музеи и затворени спорстки сали, но и за гости во затворен простот на ресторани.