Нов мутиран вид на вирусот корона: Откриено од каде потекнува и зошто толку брзо се шири!?

206

Сојот на корона вирус, кој потекнува од шпански земјоделски работници, од летото наваму рапидно се шири низ цела Европа, и сега сочинува поголем дел од новите случаи на ковид-19 во неколку земји. Во Велика Британија, на пример, на него отпаѓа дури 80 проценти од новите случаи на инфекција, пишува „Фајненшл тајмс“.

Меѓународен тим на научници, кој го следи вирусот преку неговите генетски мутации, во истражувачкиот труд објавен во четврток опиша необично ширење на верзијата на вирусот корона, наречена 20А.ЕУ1.

Нивната работа сугерира дека луѓето кои се враќаат од годишните одмори во Шпанија одиграа клучна улога во пренесувањето на вирусот низ цела Европа, прашувајќи се дали вториот бран што моментално го погодува континентот може да се намали со подетални истражувања на туристи на аеродромите и другите сообраќајни центри.

Бидејќи секоја варијанта на вирусот има свој генетски потпис, тој може да се пронајде до местото од каде потекнува.

Од ширењето на 20А.ЕУ1, е јасно дека мерките за спречување на ширењето на вирусот честопати не биле доволни за да се запре понатамошното пренесување на нови видови на вирусот ова лето, рече Ема Ходкрофт, генетичар на Универзитетот во Базел и лидер на студија што треба да се објави.

Екипи на научници во Швајцарија и Шпанија сега брзо го испитуваат однесувањето на оваа верзија на вирусот корона за да утврдат дали може да биде посмртоносна или позаразна од другите видови.

Таа додава дека 20А.ЕУ1 е различна од која било верзија на вирусот корона на која наишла порано.

Не видов никаква верзија со таква динамика се додека не ги видов геномските низи на вирусот корона во Европа, истакна д-р Ходкрофт.

Екипите работат специјално со лаборатории за вирусологија за да утврдат дали 20А.ЕУ1 носи специфична мутација на „шилестиот“ протеин што вирусот го користи за да влезе во човечките клетки, што може да го промени неговото однесување.

Новата верзија на вирусот, која има шест препознатливи генетски мутации, се појави меѓу земјоделските работници во североисточна Шпанија во јуни и брзо се шири меѓу локалното население, се вели во студијата.

Тања Стадлер, професор по компјутерска еволуција на ЕТХ во Цирих, која е дел од проектот, рече дека анализата на примероците од вируси земени од цела Европа во последните неколку недели покажала дека тие потекнуваат од истата верзија.

Можеме да видиме дека вирусот е увезен во неколку земји, неколку пати, и голем дел од тој увоз се шири низ населението, рече Стадлер.

Истражувачите заклучиле дека „ризичното однесување“ на туристите во Шпанија – како што се игнорирање на упатствата за физичко дистанца, што „сè уште се случува“, помогнало во ширењето на новиот вид на вирус.

Истражувањето покажа дека новата верзија на вирусот претставува повеќе од осум од десет случаи во Велика Британија, скоро исто толку во Шпанија, 60 проценти во Ирска и до 40 проценти во Швајцарија и Франција, пишува „Фајненшл тајмс“.