Го изнервирала сопругата, па пропешачил 400 километри да ја разбистри главата

82
Италијанската полиција пресретнала човек кој одел 400 километри за да си ја расчисти главата по расправијата со неговата сопруга.

Мажот бил запрен од полициска патрола рано во понеделникот во близина на Фано, во централна Италија.

Тој бил уморен и хипотермичен, изјавил полицискиот службеник Антонио Скванси.

Тој и рекол на полицијата дека се скарал со својата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо. Прво со воз се упатил кон Милано, а потоа започнал да пешачи. Неговата цел била Апулија на југот на земјата.

Фано, каде што бил запрен, се наоѓа на 379 километри од централната станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга која дошла да го „земе“.

Скванси ги негирал извештаите во медиумите дека полицијата му напишала казна за кршење на националниот полициски час од 22 часот до 5 часот наутро.