Дали им е важно на скопските момци колку сексуални партнери сте имале пред него?

0
125

Иако сексуално сме полиберални отколку порано, се чини дека мажите се уште се грижат за бројката на мажи со кои сте спиеле пред него …

 

Еднаш, многу одамна, сексот за една вечер бил ендемски вид, а денес на него се гледа со апсолутно одобрување. Со такви значително променети општествени вредности, девојка која што не е долго време во сериозна врска, дури и ако не е промискуитетна, лесно може да достигне до двоцифрена бројка на партнери.

Прашавме момци од Скопје по случаен избор. Не им правевме интервју, туку чисто маалски муабет со познаници, пријатели… Се изненадивме од одговорите, кои покажаа дека момците сеуште веруваат во филозофијата според која на жените не им е дозволено слободно да уживаат во љубов и секс – доколку сакаат да бидат сериозен „материјал“ за брак.

“Бројот на партнери секако дека би ме одбил од помислата да стапам во сериозна врска со некоја девојка . Не знам точно колкава бројка треба таа личност да надмине, но колку е поголема бројката – толку е полошо.  Првенствено поради стравот од сексуално преносливи болести, но исто така и либерално стојалиште на тоа лице кон сексот. Ако е толку либерална со мене, сигурно ќе биде и со некој друг “- Игор, 28

“Ако бројот е поголем од 10, тешко дека ќе се справам со тоа.” – Марко, 27

“Ако сакам таа девојка да ја женам, бројката можеби и ми е пресудна. Во кревет сакам да си легнувам со неа, а не со неа и 16 претходни нејзини „дечковци“. Мислам дека тоа е малку гужва у кревет!”- Никола, 27

“Бројката е многу релативна работа во овој случај, особено заради тоа што е поврзана и со возраста на девојката. Како и да е претпочитам девојки кои имале помалку партнери. “- Андреј, 24

“Скопје е многу мало. Не сакам кога ќе излезам со неа во кафана, двајца од десет мажи на масата да спиеле со неа… некогаш во животот.  “- Кико, 25

“Ме одбива и тоа моментално. Исто, како што ме одбива и помислата да почнам сериозна врска со некоја што спиела со мене уште на првата вечер. Точка! “- Стефан, 26

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here