“Црниот пантер” кој стана претседател (ВИДЕО)

1389

Џорџ Мане Опонг Веа. Еден од најомилените играчи кој го носеле црвено-црниот дрес на Милан.

Имаше одлична 18 годишна професионална кариера, но се чини најдобро остана запаметен како бестрашен напаѓач во дресот на “росонерите”.

Во 1995 година, ја освои претижната награда “златна топка”.
До денес, претставува првиот и единствен Африканец на кое тоа му пошло од рака.

Сезоната 1995/1996, беше исклучително успешна за “Кралот Џорџ” (како што го нарекуваа). Под водство на легендарниот Фабио Капело и во состав заедно со Роберто Баџо и Дејан Савичевич во нападот, Веа ја освои Сериа А.

Милан се закити со шампионската титула на Италија, во првата сезона со “црниот пантер” како предводник во нападот. Истото се случи и во 1999 година, кога “росонерите” повторно беа крунисани.

Од 2018 година, Веа е претседател на неговата родна Либерија.
Уживајте во ова видео во кое на дело ги имаме неговите најубави голови во дресот на Милан.

Димитар Младеновски