Пресврт во Суперлигата – 2 клуба се откажуваат поради бесот на навивачите?

142

Манчестер Сити и Челси се двоумат околу идејата да ѝ се приклучат на европската Суперлига, пренесуваат англиските медиуми.

Како што пишува „The Guardian“, тоа го кажал функционер на еден од клубовите на кои им е понудено да се приклучат на лигата на богаташите.

Истиот извор пишува дека во рамките на конгресот на УЕФА во Монтре се воделе разговори за тоа дали овие два клуба ќе направат пресврт по апсолутно негативните реакции од страна на навивачите и јавноста.

Противниците на одделувањето од лигата веруваат дека помалку од половина од овие 12 клубови цврсто веруваат во Суперлигата и дека ќе ја бранат по секоја цена, односно дека се „фанатици“. Останатите се приклучиле бидејќи сметаат дека финансиски добро ќе пројдат: или од самата лига или УЕФА ќе попушти. Некои од нив се приклучиле исклучително од стравот од пропуштеното, а се верува дека Челси и Манчестер Сити се во оваа втора група.

Други извори сепак не се толку сигурни во ова. Иако верата во Суперлигата не е универзална, изворите пишуваат дека нема директни докази дека клубовите размислуваат да ја напуштат Суперлигата.

Во меѓувреме, притисокот за одвојување на клубовите се зголеми кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека не може истовремено да седат на две столчиња и дека ќе мора да се соочат со последиците од своите делувања.

„Ние во ФИФА апсолутно не одобруваме создавање на Суперлига, која би била затворена продавница, која би се отцепила од моменталните институции, лиги, сојузи, од УЕФА, од ФИФА. Тоа е надвор од системот. Нема никакви сомнежи дека ФИФА ова не го одобрува“, рекол Инфантино.