Периодот на рехабилитација на супер ѕвездата на тимот од Brooklyn е веќе започната. Во текот на вчерашниот ден Kevin Durant се појави во многу интересен outfit. Новата 7-ка на Nets-и се појави во дресот на уште една легендарна фигура која го носеше истиот број – Тони Кукоч. Сплитскиот “пинк пантер” е еден од најомилените играчи на расниот стрелец и еден од оние кој често ги следел како дете во главниот град на С.А.Д. Интересен е податокот што двајцата играчи се иста висина (209 cm) и двајцата како најсилно оружје го поседуваат шутот. Хрватската легенда беше идол на многу млади кошаркари кој со текот на годините станаа фактор во кошаркарскиот Свет. Во секој случај, убаво е чувството кога ке се види како една од најголемите кошаркарски имиња оддава почит на великаните кој тоа го правеле пред него.


NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















