Европскиот шампион почна да се засилува

515

Актуелниот европски шампион започна со засилување на екипата за следната сезона.

Анадолу Ефес ги најваи првите две нови имиња кој треба да ја зајакнат центарската позиција. Хрватскиот репрезентативец Анте Зизич пристигнува од Макаби Тел Авив, а американецот Џош Нибо доаѓа како засилување по успешната сезона во Жалгирис од Каунас.

Со ангажирањето на двајцата млади високи играчи, во Ефес значително ќе се засили играта во рекетот во и онака силната конкуренција во тимот каде ги има ветеранот Брајант Данстон, Крис Синглтон и Тибор Плајс. Зизич потпишува договор 1+1, односно првата година е загарантирана а тимот од Истанбул ќе има можност (и предност) да го продолжи на уште една во случај за него да се заинтересирани други клубови. Деталите околу договорот со Нибо сеуште не се обелоденети.

Ова е само почеток на т.н. ревитализирање на ростерот кај шампионот кој најави дека по големиот успех, следното првенство ќе се појави уште посилен.

Димитар Младеновски