Инфантино однапред го честиташе реизборот на Сејдини: Знам дека ќе работиш добро (ВИДЕО)

843

Мухамед Сејдини се очекува да биде избран за старо-нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Актуелниот прв човек на македонскиот фудбал немаше конкурент и ќе остане на чело на федерацијата. Пред претставниците присутни на Редовното Изборното собрание се обрати претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Чест ми е што ќе кажам неколку збора за тебе на овој ден кога ќе биде реизбран без ниту еден против кандидат. Честитки, правеше добра работа во минатото и знам дека ќе продолжиш да го правиш тоа и понатаму. Ќе ја искористам оваа прилика за да ѝ честитам на твојата земја, за големиот успех и пласманот на националниот тим на Европското првенство. Ова лето ќе имате одлично искуство. Иднината на македонскиот фудбал е загарантирана, благодарение на твоите стратегии“, рече Инфантино.

На собранието се присутни и претставниците од УЕФА, Зоран Лаковиќ и Денис Бастари.

Сејдини застана на претседателската функција пред две години. Тогаш го замени Илчо Ѓорѓиевски и стана петти претседател во историјата на ФФМ.