„Елмас ќе биде ‘новиот Гатузо’, амо со многу подобра техника!“

116

Еден од најпознатите италијански новинари и репортер на националната телевизија РАИ, Даниеле Ди Џенаро во пресрет на стартот на новата калчолигашка сезона, посочи дека македонскиот бисер Елиф Елмас може да биде „новиот Џенаро Гатузо“ на теренот.

Откако Наполи го продаде Алан, се отвора простор за Елмас да има многу поголема улога во тимот на наполитанците, иако младиот македонски репрезентативец доби сериозна минутажа кај тренерот Гатузо во изминатата сезона, па импресионираше на низа мечеви и доби многу пофалби и од навивачите и од кормиларот.

Ди Џенаро сега го гледа токму Елмас како наследник на темпераментниот тренер кој со својата борбеност беше многу важна алка на Милан и на италијанската репрезентација на почетокот на 21-от век.

„Елмас може да биде дел од првиот тим, не знам како во некој ‘варијабилен начин“, ама знам дека има карактеристики кои може да го направат ‘новиот Гатузо’. Видете го Елмас, прво е млад, има брзина, има добра нога и голем темперамент. Затоа може да биде ‘новиот Гатузо’, само со далеку подобра техника“, вели Ди Џенаро.

Овој новинар предвидува дека главната битка во новата сезона во Калчото ќе ја водат Јувентус и Интер, а од заднина Наполи и Милан ќе чекаат шанса, додека Лацио и Aталанта во оваа сезона не типува дека ќе имаат сезона како изминатата.