Професорот Бранимир Јовановиќ вечерва преку Фесјбук реагираше на намерата на Владата да ја приватизира Македонска пошта.
-Тоа што сакате да ја продадете Пошта само покажува колку ви е гајле. И за Пошта, и за државата, и за луѓето. Да, знаеме дека работи со загуби. Знаеме и зошто. Затоа што поставувате за директори неспособни и незаинтересирани партиски кадри, кои гледаат само како да стават повише во својот џеб.
Ама ако ви е гајле, ќе ја средите. Ќе направите да работи со добивка, како што работат сите други пошти во светот. Тоа и не е толку тешко, со оглед на нејзиниот имот и нејзината доминантна позиција на пазарот. Треба само да се сака. Ама не, не се сака. Не се сака сите изминати 30 години. И после зошто државата пропаѓала и зошто луѓето се иселувале…, пишува Јовановиќ.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















