Дончиќ: Никогаш не се однесувале со мене толку лошо

713

Членот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ е прогласен за најдобар дебитант во НБА лигата за изминатата сезона. Словенецот имал проблеми при летот со кој се враќал во Европа, бидејќи од авиокомпанијата не добил третман каков што заслужува.

„Никогаш претходно некоја авиокомпанија не се однесувала така лошо се мене. Резервирав карти во бизнис класа за себе и фамилијата, но авиокомпанијата тоа не го почитуваше. Не знам зошто не префрлија во економска класа, а ни вратија само 20 отсто од сумата за картите за бизнис класа“, напиша на твитер Дончиќ.

Тој сезонава наградата за најдобар новајлија ја заслужи благодарејќи на одличните игри во дресот на Далас, во кои просечно по натпревар бележеше по 21,2 поени, 7,8 скока и 6 асистенции.