„2020-та година ќе понуди многу поголеми можности за жените во политиката, но и во други професии. Не дозволувајте годинава емоциите да ве водат во крајност. Премногу емотивно на сметка на рационалното не само што нема да ви е од помош, туку води и до повеќе недоразбирања, конфликтност, или пак како друга крајност повлекување во себе, самосожалување, несигурност итн. – вели за Точка Мими Сиљановска – Главиновска, нумеролог, аналитичар и консултант.
Ќе има ли промени во државава и во која област, што значи 4-ката во нумерологијата и која е нејзината препорака дознавате од инетервјуто:
Можеме ли да очекуваме поголеми промени во државава во 2020-та и во кои области?
– До септември се уште имаме изненадувачки и брзи промени, за кои неретко ќе бидеме неподготвени, а сепак ќе мора брзо да се реагира, во спротивно тие ќе останат само како неискористени можности. Пролетта и есента се два периоди кои носат големи промени и големи одговорности, иако околностите(надворешни) многу и не ни се од полза. Закон, полиција, војска, затвори, болници, архитектура, граници, компјутерска технологија, дипломатија – се области кои ќе бидат во период на поголеми промени.

Годинава е во годишен циклус на бројот 4. Што значи тоа во нумерологијата?
– Конзервативен, упорен, бара многу труд и напор. Период во кој е исклучиво важно да се има ред и дисциплина и секако многу упорност за да се надминат многуте пречки од околина и околности. Ќе се посветиме многу повеќе на средување во домот, а надворешните пречки да не ни бидат обесхрабрување за она што е добро и темел. 4-те основни столба да се постават како стабилност, база на која ќе се темелат наредниве 5 години. Воопшто не е лесна оваа 2020-та год. се до септември 2021 год. Носи доста пречки, лекции од кои учиме, корегираме и секако без премногу да ветуваме или да бараме ветувања од другите.

Ваша препорака?
– Прво гледај си ја стабилноста дома, а помалку мисли на тоа што ќе мислат или зборуваат другите.
Ова е колективната прогноза за 2020 година, за која и секој поединец придонесува и во ваквите времиња – со заеднички сили. Повеќе трпение, упорност, истрајност и добри долгорочни планови се препорака за успешна година.
Среќно!





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

