Почетна Забава „Ова што ми го прави не е првпат, се плашев да не...

„Ова што ми го прави не е првпат, се плашев да не се повтори“: Тања Савиќ откри непознати детали од бракот со Душан

574

Деновиве главна тема во српскиот шоубизнис е Тања Савиќ и киднапирањето на нејзината деца од страна на сопругот Душан.

Пејачката од април оваа година не ги видела своите деца, а сега веќе неколку дена не се слушнала и со нив, па таа го пријави сопругот и да побара помош од српските и австралиските власти.

Во интервју за „Гламур“, Савиќ откри непознати детали од 11 годишниот брак со Душан.

Таа вели дека целиот проблем настанал околу една кавга и таа дошла кај нејзината мајка, па се договориле децата да бидат малку кај неа, малку кај него, а тој не го испочитувал тоа.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

„Јас се плашев дека ова ќе го направи. Како велат: „Она  од што се плашите, тоа може да ви се случи“. Тој еднаш ми го направи ова, јас не го пријавив, трчав за децата. Така тој ве има во неговите канџи. Ова е втор и последен пат, вакви работи не простувам. Како може да се чувствувам? Стоечки го поднесувам ова, но не е пријатно. Мајките кои се и кои биле во ваква ситуација знаат за што зборувам“ вели пејачката и додава:

„До ова дојде поради кавга. Имавме договор децата малку да бидат кај мене, малку кај него. Тоа ми беше многу чудно, мислев дека подготвува нешто. Имам многу работи да кажам, но не сакам се тоа да го изнесам во јавност. Многу пати го оправдував надевјаќи се дека ќе ми се врати со децата. На децата им прави големо зло, тоа се деца од 8 и 10 години, гледам дека сум им потребна. Не можат да кажат што мислат бидејќи секојпат некој ни го слуша разговорот“ вели пејачката.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Тања откри и непознати детали од бракот со Душан и откри дека трпела многу работи за овие 11 години, но и вели дека луѓето не треба да ја осудуваат бидејќи таа имала причини зошто криела низ што поминува.

„Јас донесував пари, живеевме под кирија и јас го плаќав станот бидејќи тој не сакаше ништо да се купи во Србија. Со децата е феноменален, но е посесивен, не сака да им посветам внимание. Никогаш ништо лошо немам кажано….11 години сум во брак со Душан и чекав до самиот крај. Мене ме прашуваат како трпам 11 години, а јас сакам само добро. Голем грев е кога некој сакаш, а тој ова ти го прави“ вели Савиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, наводно Душан од Тања земал и пари.