Командантот на УЧК, Томор Морина со тапани пречекан вo Косово (ВИДЕО)

164

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој македонските власти не го испорачаа на Белград по потерница од Србија, дочекан е синоќа во својата родно Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

Весникот пренесува дека Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика.

Претставниците на политичките партии во Приштина го поздравија ослободувањето на Морина.

Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија.

loading...