Докторот со емотивната фотографија која го обиколи светот го снајде тешка несреќа!

801

На докторот од Арканзас чија емотивна фотографија на која се поздравува со својот 1-годишен син стана вирална среде пандемија на коронавирусот, торнадо му го срушило домот.

Фотографијата од докторот Џеред Буркс на која се поздравува со својот син Зек преку стакло е споделена повеќе од 68 илјади пати откако на Фејсбук минатата недела ја објави неговата сопруга Алиша.

Алиша рекла дека Џеред бил одвоен од семејството две недели додека работел во болницата и кога настанала фотографијата, го видел синот како ползи за првпат – но преку стакло.

Во саботата Алиша објави дека нивниот дом го уништило торнадото кое го зафати градот Џонсбор и тоа додека нејзиниот сопруг бил дома.

„Сите сме на сигурно. Нашата куќа повеќе ја нема. Џеред беше внатре, но преживеа благодарение на Бог. Зек и јас бевме кај мајка ми“, напишала таа.

За младото семејство набрзо била отворена кампања „GoFundMe“ со која вчера биле собрани речиси 70.000 долари.