„Децата уште не прифатија дека Алекс си замина, а мајка им веќе има ново момче“: Марк Ентони ‘удри’ по поранешната сопруга

91

Веста за тоа дека Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) ја обновија романсата и дека повторно се заедно ги израдува фановите, но изгледа дека парот ќе продолжи таму каде што застана во далечната 2004-та година, кога ја раскинаа веридбата.

И покрај тоа што папараците ги следат во чекор, бидејќи многу време поминуваат заедно, извори блиски до парот тврдат дека имаат сериозни планови за во иднина – ниту еден од нив јавно не го коментирал односот, ниту заедничките фотографии на социјалните мрежи.

Но, Иако Џен и Бен молчат за нивната љубов, изгледа дека нејзиниот поранешен сопруг, Марк Ентони за тоа има повеќе од јасен став.

Според „Closer UK“, латино пејачот не е воодушевен од новата романса на некогашната сопруга.

„Марк е загрижен за Џенифер. До пред неполни два месеци беше верена за Алекс Родригез, а сега се бакнува со Бен. Го загрижува нејзиното брзо впуштање од врска во врска, особено бидејќи во сè ги вклучува и децата. Алекс последните четири години беше голем дел од животот на Ема и Макс и близнаците сè уште се обидуваат да се помират со тоа дека повеќе не се семејство, а мајка им веќе најде ново момче“, истакнал неименуван извор за споменатиот магазин.

Славната убавица и Марк наводно токму за тоа разговарале кога пред неколку денови папараците ги фотографирале на заеднички ручек.

Да потсетиме, Афлек пред неколку денови беше виден во друштво на 12-годишните близнаци на Џеј Ло, а делувало како добро да се забавуваат. Сепак, магазинот „New Idea“ пишува дека Ема и Макс уште се обидуваат да сфатат дека сè се променило.

„Ема и Макс се многу чувствителни деца и последните неколку години многу се поврзаа со ќерките на Алекс Родригез, со кои практично живееја под ист покрив“, рекол изворот, коментирајќи ги наводите дека новопечениот пар наскоро планира меѓусебно да ги запознае децата.