Пејачка ја шокираше јавноста: „Се радувам што маж ми е мртов“

664

Пејачката и поранешна членка на групата „Atomic Kitten“, Кери Катона изјавила дека чувствува олеснување поради тоа што нејзиниот поранешен сопруг Џорџ Кеј се убил, како и дека мисли дека ако тој останал жив – таа не би била жива.

– Мајка ми само чекаше повик од полицијата да ѝ ја јават дека ме убил, а јас никогаш не можев да се опуштам освен кога Џорџ беше во затвор, и сега е мртов – рекла пејачката.

Таа уште и додала дека тој бил психички нестабилна личност која ја малтретирала, како и дека ѝ е мило што тоа се случило сега додека нивната ќерка Дилан е мала, бидејќи нема да мора да расте додека ги трпи неговите малтретирања. Истакнала уште и дека целото нејзино семејство поминало низ пекол поради него.

– Џорџ не можеше да биде спасен, очекував вакво нешто да се случи и добро е што се случи додека Дилан е мала – изјавила пејачката.

Џорџ Кеј почина на 5 јуни оваа година во 40-годишна возраст од прекумерно консумирање дрога. Пронајден е предозиран во својот стан.

Кери и Џорџ се запознале во 2012 година, а се венчале во септември 2014 година само пет месеци по раѓањето на нивната ќерка Дилан.

Се развеле во 2015 година, откако пејачката го обвинила дека ја нападнал, полицијата потоа го привела и добил забрана на приоѓање, а обвинението подоцна било отфрлено поради недостаток на докази. Во таа прилика тој не ја видел ќерката Дилан речиси една година.

Контактот целосно го прекинале во 2017 година кога Џорџ изјавил дека „му е преку глава да изиграва дадилка на сопствената ќерка“.

Покрај Дилан, пејачката има и три ќерки од бракот со Брајан Мекфејден – Моли (16), Лили-Су (14) и Хајди (10), а од бракот со вториот сопруг Марк Крофт го има синот Максвел (9).