Во извештајот во кој се потврдуваат претходните наоди на докторите ширум светот, Работна група за превентивни услуги во САД соопшти дека додатоците на фолна киселина го намалуваат ризикот од дефект на нервните цевки кај бебето, пренесува WEB MD.
Како што советуваа во 2009 година, независна група на експерти изјави дека жените кои се бремени или работат на бременост треба да земаат дневна доза од 400 до 800 микрограми фолна киселина за да се спречи потенцијално фатален дефект на нервните цевки.
Дефектите на нервните цевки настануваат кога мозокот или ‘рбетниот мозок не се развиваат правилно, што доведува до сериозна пречка па дури и смрт. Овие дефекти не се развиваат во раната фаза на бременоста, но понекогаш се случува толку рано кога жената не ни знае дека е бремена.
Додатоците на фолна киселина се најкорисни доколку жените ги земаат еден месец пред бременоста и продолжат во текот на првие три месеци од бременоста, велат експертите.
Во фолната киселина постои природниот витамин Б кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот. Исто така многу намирници во себе содржат доза на оваа корисна киселина.
Сепак, според истражувањето на Journal of American Medical Association, жените ширум светот и понатаму земаат помалку фолна киселина од препорачаната доза.
“Овие додатоци можат да се земаат како дневни мултивитамини или една таблета која ја има препорачаната доза на фолна киселина”, вели доктор Алекс Кемпер.