Денеска УЕФА треба да донее важна одлука и изгледа дека истата ќе биде променета. Според информациите на шпанските медиуми, судиите, предводени од Роберто Росети, предложиле воведување на ВАР технологијата веќе од оваа пролет.
Првично УЕФА го одби барањето на клубовите ВАР да биде воведен во фазата на елиминации, бидејќи наводно нема време да се имплементира, но сега работите се променија.
Неколку проблематични, но и срамни одлуки кои се случуваат со години во нокаут фазата го засилија притисокот оваа есен, па изгледа дека одлуката ќе биде од осминафиналето ВАР да биде воведен на мечевите од Лигата на шампионите веќе во февруари.
Судиите тврдат дека посебната обука закажана за февруари не е потребна, односно дека водечките арбитри кои беа на Мундијалот веќе се обучени, како и тоа дека во сите најсилни лиги освен Премиер лигата веќе се користи ВАР и дека нема да има проблеми за веќе обучените судии од Шпанија, Франција, Германија и Италија кои ќе ги контролираат одлуките од таканаречените телевизиски соби.
Останува да се види што ќе биде одлучено денеска на заседанието на Извршниот комитет на УЕФА во Даблин кога одлуката ќе дојде на дневен ред.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)




