Ваков подарок сè уште никој не понудил: Овој Србин ги подарува двете куќи и бизнисот кој го поседува, а за возврат бара само два услови

433

Синиша Светиќ од селото Мијајловац, Велико Градиште со децении наназад е еден од најпознатите столари во овој дел од Србија.

Од неговите вешти раце излегле над стотина производи од дрво, а тешката работа и уште потешкиот живот го одбележале неговиот век. Денес, тој е во осмата деценија од животот, а својата старост ја живее потполно сам. Сепак, овој врвен мајстор одлучил да биде хуман и да подари сè што стекнал во животот на некое семејство кое би се доселило да живее со него.

„На мојата крстна слава, Свети Тома, сам запалив свеќа и го пресеков колачот, како минуваат деновите сè помалку можам да се движам и да работам и затоа не би сакал остатокот од животот да го поминам сам. Мојата сопруга која е почината и јас не можевме да имаме деца и затоа сè што имам и сè што сум стекнал би го подарил на некое чесно семејство кое би живеело со мене во заедница, а по мојата смрт сè би им останало во наследство“, вели Синиша за „RINA“.

Она што го поседува овој човек не е воопшто мало бидејќи во неговиот двор се наоѓаат две куќи и столарска работилница која се простира на дури 540 квадратни метри и е опремена со современи машини.

„Сè вложував во мојот бизнис и со тоа го проширив производството. На луѓето кои ќе дојдат им останува само да продолжат да работат, и ако даде Бог, уште повеќе да ја прошират дејноста бидејќи ги имаат сите услови за тоа. Јас планирам да ја надоградам фабриката на над 1000 квадратни метри, но веќе сум стар и немам сила, но затоа сум тука да им помогнам на оние што сакаат и можат да работат“, вели овој столар.

Меѓутоа, за некој да го наследи и да го добие овој необичен подарок од Синиша, тој мора да исполни два услови:

„Семејството да биде чесно и да ја продолжи семејната слава. Тоа е единственото нешто што го барам за возврат, од оние кои ќе решат да живеат со мене и кои ќе добијат сè што сум стекнал со напорна работа“, заклучил Стевиќ.