Дишеме отров четири пати повеќе и осум пати подолго од дозволеното

883

Просечното годишно загадување на воздухот во Македонија со ПМ10 честички во минатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани со Директивата на ЕУ за квалитет на воздухот, кои од 1 јануари 2015 година се задолжителни за сите земји-членки.

ЕУ веќе почна постапка против неколку членки кои ги надминуваат граничните вредности.

Бугарија, соочена со тоа, тукушто воведе санкции за градоначалниците кои нема да се справат со загадениот воздух, но и за домаќинствата кои ќе го загадуваат воздухот со несоодветен материјал за греење. Според измените во бугарскиот Закон за чистотата на атмосферскиот воздух, градоначалниците имаат една година за да го намалат загадувањето во својата општина, а во спротивно се соочуваат со казна од 2.500 до 5.000 евра.

Македонија не подлежи на санкции од Европската Унија.