Иницијативата против урбано дивеење во Ѓорче Петров најавува блокада на кружниот тек кај СП Планет на 6 јуни, недела, во 12 часот.
Тие не се задоволни од резултатите од средбите со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со оглед на тоа што градењето продолжува во Хром.
Како што самите граѓани велат, населбата се претвора во бетонска тврдина и веќе наликува на Дебар Маало во претрупаноста со станбени објекти.
„Урбаната мафија е толку силно вмрежана и вгнездена во институциите и тие што ги водат, за да секое барање заврши во лавиринт и топката се префрлува од едно на друго место без конечен епилог“, велат тие.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















