Навивачите на „Олд Трафорд“ и „Енфилд“ нема да гледаат ВАР на екран поради бизарна причина

680

Фудбалската асоцијација на Англија конечно се прилучи на останатите европски лиги, па од наредната сезона во Премиерлигата ќе има ВАР-технологија.

Премиерлигата вчера потврди дека навивачите на стадионите ќе може да ја гледаат одлуката на судијата, зашто ќе им биде прикажана ситуацијата и спорните детали на голем екран.

Меѓутоа, неверојатно звучи тоа дека само на „Енфилд“ и „Олд Трафорд“ гледачите нема да можат да ја видат видео-снимката, а тоа е зашто стадионите немаат големи екрани, туку обични семафори.

Засега нема индиции дека нешто ќе се промени, па останува да видиме дали до почетокот на следната сезона одговорните лица ќе преземат нешто.