„Многу ми е тешко за луѓето кои загубија пари. Има еден пример на самохрана мајка која откако родила дете, добило некои оштетувања на видот и поради тоа и е исплатен надоместок од 38.000 евра. Вели ги изгубив тие пари а на детето често му се дига притисок и одиме на третмани во Белгија.
Јас и реков дека ништо не можам да помогнам, но кога детето треба да иде на третман во Белгија тука сум. Тука сум и понатаму ќе продолжам да бидам. Не се менувам и немам намера да се менувам.
Додека можам ќе помагам, корката леб ќе ја делам.Јас сум паталец, а веќе не сум гаталец.
Апасиев исто беше клиент на банката. Првите комуникации и контакти со него ги имаме со оглед на тоа што беше чест учесник и победник на ораторските вечери, а ние дававме награди во чекови од Еуростандард.
Можеби Трифун Костовски се подготвува да влезе во некоја од партиите и повторно да се кандидира за татко на градот?