Јелена Јованова објави роденденска фотографија во врел шорц (фото)

195

Познатата македонска актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова-Периќ, денес слави роденден.

Славеничката се пробуди уште рано наутро, секако поради мајчинските обврски кон синчето Јаков со кое се породи пред речиси пет месеци.

Јелена немаше намера да ги крие своите години како што тоа го прават повеќето, па дури сакаше со своите 36 да се фотографира утрински без шминка.

ФОТО:ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА/ИНСАТГРАМ/ПРИНТСКРИН

-36 и не ми треба филтер, напиша Јелена во описот на фотографијата на која се гледа дека годнините навистина се само број за неа, не само во лицето, туку и во ставата.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН/ЈЕЛЕНА ОД ДРАЧЕВО

Инаку, Јелена набрзо по породувањето и се врати на кариерата и снимањта пред камери.

Среќен роденден!