Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

116

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија, соопшти воената организација.

На седницата ќе присуствуваат амбасадори од сите 29 земји-членки, а единствената точка на агендата ќе биде разгледување опции според членот 4 на НАТО, во кој е предвидено дека секоја членка може да побара помош од Алијансата, доколку смета дека е нарушен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност.

Во четвртокот имаше голем инцидент во кој загинаа 30 турски војници.Според некои извештаи, војниците биле нападнати од сириската армија приврзана кон Башар ал Асад, поради фактот што припадниците на армијата биле измешани со милитанти, кои Дамаск и Русија ги сметаат за терористи.Официјална Москва соопшти дека турските војници биле убиени токму затоа што биле во близина на „терористичките единици“.

Тензиите меѓу Турција и Русија се зголемуваат последниве денови.Москва со години ги поддржува силите на Асад, додека Анкара им помага на бунтовниците на северот на земјата.

Во меѓувреме, Русија испрати два воени брода опремени со крстаречки ракети до сирискиот брег во Средоземното море, објави Интерфакс, повикувајќи се на руската Црноморска флота.