Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека има дефект на цевка ф500 мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1.400 мм, а со тоа голем дел од Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето.(Фото: СДК.МК)
Денеска без вода ќе останат жителите на Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Драчево и Пинтија поради голем дефект на булевар Кочо Рацин спроти Олимписки базен.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека има дефект на цевка ф500 мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1.400 мм, а со тоа голем дел од Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето.
Од таму не можат да прецизираат до кога делови од Скопје ќе бидат без вода, но ќе се работи за до вечер дефектот биде саниран.