На неодамна одржаната ревија на Chanel Couture есен/зима 2018/19 Пенелопе Круз ја доби новата улога. Познатата глумица стана амбасадорка и заштитно лице на Chanel, која традиционално ја фотографира Карл Лагерфелд.
„Ова е настан кој треба да се одбележи, а Карл е едноставно гениј. Уште од мала му се восхитувам на сè што прави, така што работата со него ми причинува огромно задоволство. Тој е кралот на модата и имавме навистина интересна фотосесија, тоа е вистинска авантура“, изјави Пенелопе.

Глумицата и модната куќа одамна ги поврзува пријателството.
Во 1999 година прв пат била на ревија на овој бренд и од тогаш честo одбира облека од модната куќа. Пенелопе често ги носи тоалетите на Карл на црвениот тепих, вклучувајќи ги и наградите на „Оскар“ и „Филмскиот фестивал во Кан“, а во парчиња од Chanel се појави и на големиот екран во филмот на Педро Алмодовар „Прекини ги прегратките“.

Така Пенелопе им се придружи на прекрасните амбасадорки на брендот Chanel – Марго Роби, Кира Најтли, Кристен Стјуард и Лили Роуз Деп.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















