Уште едно признание за Дончиќ: Словенецот е во најдобрата петорка во НБА

71

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ имаше неверојатна сезона во НБА-лигата и покрај фактот што неговиот тим беше елиминиран во првата рунда од плеј-офот од Лос Анџелес клиперс.

Сепак, Словенецот поради неверојатните партии низ цела сезон си доби место во првата петорка заедно со најголемите ѕвезди моментално во НБА. Покрај Дончиќ, тука се Леброн Џејмс, Јанис Адетокумпо, Ентони Дејвис и Џејмс Харден.

Втората петорка ја сочинуваат Демијан Лилард, Каваи Ленард, Никола Јокиќ, Крис Пол и Паскал Сјакам.

Бен Симонс, Џејсон Тејтум, Џими Батлер, Руди Гобер и Расел Вестбрук се во третата петорка.