„Бјути бар“ совети : Нега на нокти и идеи за есенски маникир

1817

Како што се грижите за другите делови од вашето телото, така треба да посветувате и внимание на вашите нокти. Сигурно во текот на денот вашите раце се често во центарот на вниманието, сепак со нив пишувате, го држите мобилниот телефон, јадете и на тој начин тие често ги привлекуваат погледите на луѓето околу вас. Затоа ви ги препорачуваме овие совети за нега на вашите нокти. Верувајте прават чуда!

ОДРЖУВАЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ ЧИСТИ

Пред да правите било што, бидете сигурни во тоа дека вашите нокти и кожата околу нив е чиста. Потоа исчистете ги остатоците од претходните лакови. Еден практичен начин за одржување на ноктите е со нанесување на сапун на стара четкичка за заби, а потоа нежно триење на ноктите и кожата. На овој начин правите ексфолијација и ја отстранувате целата нечистотија.

НЕ ГИ КРАТЕТЕ КУТИКУЛИТЕ

Кутикулата има многу важна улога, таа ја штити површината во внатрешниот дел од ноктот. Така што, доколку ја отстраните, повеќе немате заштита и местото го оставате чувствително и подложно на бактерии. Препорачливо е секоја недела по туширањето, со дрвено стапче да ги враќате кутикулите и потоа да направите масажа со крем за кутикули.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ПРИБОРОТ ЗА НОКТИ

Редовно правете дезинфекција на алатките кои ги употребувате за одржување на вашите нокти. Исто како што ги миете четките за шминкање, така е потребно да ги одржувате и ножичките, турпијата и останатите работи. Не заборавајте и по одредено време на користење да го менувате приборот.

ПОДЛОГА ЗА ЛАКИРАЊЕ

Никогаш не заборавајте кога се лакирате, првин да нанесете подлога, со цел да избегнете лаковите да ја оштетат површината на вашите нокти. Исто така, на овој начин ќе направите лакот на ноктите подолго време да издржи без да се излупи или избрише.

ИСХРАНА

Секако дека за здрави у убави нокти потребно е да внимавате и на тоа каква храна консумирате. Внесувајте повеќе витамин Е и рибино масло, како и храна полна со протеини (грав, риба и јаткасти производи).

Во продолжение погледнете пак интересни идеи за есенски маникир. Кога веќе зборуваме за трендови на есенски маникир, важно е да се спомене кои бои на лакови ќе бидат во мода. Оваа есен највеќе ќе се користат бордо, црвена, светло розова, беж, тегет, сива, тиркизна, маслинеста, неутрални нијанси како и лакови кои имаат светки. Исто така голем тренд ќе бидат ноктите кои се лакирани до половина…

 

Закажете го вашиот термин за маникир во „Бјути бар“ на телефонскиот број 070 666 221!

Советува: Весна Трпческа од „Бјути бар“