Тематските детски родендени се сè почеста појава, а за нивната популарност најзаслужни се лицата од светот на познатите. Затоа не чуди тоа што и Кристијано Роналдо вториот роденден на ќерката Алана Мартина го прославил на ист начин.
Се чини дека неговата свршеничка Георгина Родригез и самата е заљубена во светот на бајките и принцезите, па втора година по ред ја одбрала таа тема за роденденот на својата ќерка.
Потсетуваме, на фотографиите кои славниот пар тогаш ги објавил, Алана Мартина позирала со братот и сестрата, близнаците Ева и Матео. Додека славеничката била облечена во костим од Снежана, Ева се трансформирала во Пепелашка, а малиот Матео бил Спајдермен.
“На 12-ти ноември 2017-та година нашиот дом стана побогат за уште еден член. Денес Алана Мартина слави една година. Ова беше година полна со љубов и среќа. Уште еден благослов во прекрасното семејство кое го изградивме со толку љубов. Благословени сме и многу благодарни што влезе во нашите животи. Ви благодарам на сите на поддршката и љубовта која ни ја пружате и ви благодариме за прекрасните честитки”, напишала тогаш гордата мајка.
Во маскирањето оваа година се приклучила и згодната Георгина.
Манекенката на социјалните мрежи споделила фотографија на која позира во друштво на ќерката, но и со 8-годишниот син на Кристијано и близнаците Ава Марија и Матео. Додека децата биле маскирани во филмски суперјунаци, девојчињата биле принцези, па сите декорации биле во склад со тоа.
“Среќен роденден, животе мој. Те сакаме”, напишала Родригез, а речиси иста фотографија споделил и гордиот татко.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















