Бајден: Планирам да се кандидирам во 2024 година, особено ако е таму Доналд Трамп

474

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека засега планира повторно да се кандидира на следните избори во 2024 година, а доколку се кандидира и неговиот претходник Доналд Трамп, тоа само ја зголемува веројатноста за негова нова кандидатура.

„Дали планирате повторно да се кандидирате“, го праша Бајден водителот на ABC News, Дејвид Мур.

„Јас многу ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се вмеша во животот. Ако имам добро здравје како што сум сега, повторно ќе се кандидирам“, рече Бајден.