Моника Белучи: Брчките ги носам со гордост!

1379

Убавата глумица Моника Белучи ја покори Европа, но и Холивуд, а кариерата ја започна на модните писти. После 26 години отсуство Моника повторно зачекори на модните писти. Таа го сторила тоа поради пријателството коешто ја врзува со италијанскиот моден бренд “Долче и Габана“. Моника е муза на овој бренд повеќе од две децении.

Во еден неодамнешен разговор за италијанскиот “Vanity Fair“ таа искрено ги изнесе своите ставови за женственоста, убавината, мајчинството и годините.

“Сѐ уште се гледам со пријателите од средно училиште и тоа прави да се чувствувам прекрасно. Секогаш им говорам на моите ќерки дека пријателството и љубовта се најголемите вредности. Ние не можеме да се затвориме во себе и да не живееме.“


Говорејќи за своите ќерки коишто имаат 13 години, односно 8 години таа испратила една порака кон сите жени:

“Јас им оставив слобода за да бидат креативни, дури и со своите тела. Но, прво е правилото дека тоа мора да им се допаѓа на нив самите, затоа што сум забележала многу жени коишто не го препознаваат својот потенцијал. Кога сме млади ние не сме свесни за самите себе, туку се претвараме во она што луѓето од окружувањето ни велат дека сме. Поради љубовта која ја примаш ти ги сакаш другите, а што повеќе си сакана, повеќе ќе се сакаш и самата себе“, вели глумицата.

Славната глумица и со 54 години освојува со убавина и женственост, но за разлика од своите колешки таа не дозволи да преовлада нејзината суета, па одлучи достоинствено да старее, а своите брчки  ги носи горделиво.

“Некој еднаш рече дека во 20-тите ќе го имаш лицето коешто ти го дала природата, а во 40-тите ќе го имаш лицето коешто ти го наметнал животот, а во 50-тите ќе го имаш лицето коешто си го заслужил. Брчките се само доказ дека во животот си успеала да ги совладаш пречките. Тие се нашите рани.“– вели Белучи.