Апокалиптични сцени од Сибир: Пожарите голтаат сѐ пред себе, а дрон ја сними страшната катастрофа

1501

Снимките направени со дрон ги покажуваат страшните последици од пожарите кои го опустошија Забајкалскиот регион во источна Русија.

Снимката направена со дрон ја објавија од Рускиот истражен комитет. Според руските медуми во пожарите се повредени најмалку 34 лица од кои четири биле задржани на интензивна нега поради сериозноста на повредите.

Се проценува дека пожарите уништиле околу 100 стамбени објекти и збришале цели 17 населби во овој регион. Околу 400 лица останале без домови, а штетата предизвикана од пожарите се проценува на околу 4,4 милиони долари.

Министерството за вондредни ситуации на Русија ги предупреди жителите на Забајкалскиот и Иркутскиот регион, како и жителите на Република Бурјатија да бидат подготвени за нови пожари поради силината на ветрот во регионот која деновиве изнесувала 80 километри на час.