Жена се разбудила од кома после 27 години

973

Мунира Абдула била повредена во сообраќајна несреќа во 1991-та година и од тогаш била во кома. Жената од Соединетите Арапски Емирати, која во 1991-та година доживеала сообраќајна несреќа, се разбудила од 27 годишна кома.

Мунира Абдула во моментот на несреќата имала 32 години. Се здобила со тешка повреда на мозокот кога автомобилот во кој што била со нејзиниот син се судрил со автобус.

Омар Вебар, кој тогаш имал четири години, не е повреден, бидејќи во моментот на сударот мајка му го гушнала.

Со возилото управувал зетот на Абдула, таа е тешко повредена, а минатата година ја вратила својата свест во болницата во Германија.

Омар проговорил за мајчината несреќа и за нејзиниот пат кон заздравувањето.

„Ме гушна за да ме заштити“

„Никогаш не се откажав од неа, затоа што знаев дека еден ден ќе се разбуди“, кажал Омар.

„Сакам да ја раскажам нејзината приказна за луѓето да не ја изгубат надежта за блиските и за да не ги отпишат ако и тие се во некоја слична состојба како мајка ми“- додал тој.

„Мајка ми седеше со мене на задното седиште. Кога виде дека ќе се судриме, ме гушна за да ме заштити“.

Освен модриците на главата, Омар немал други повреди. Неговата мајка со саати не била згрижена.

Годините на нега 

Абдула подоцна била преместена во Лондон. Британските доктори утврдиле дека е во вегетативна состојба- не можела да реагира, но чувствувала болка.

Од Британија вратена е во Ал Аина, град кој се наоѓа во Соединетите Арапски Емирати, во близина на границата со Оман, каде што е префрлена од една во друга установа.

Останала во Ал Аина неколку години, а докторите ја хранеле преку цевки за да ја одржат во живот. Исто така ѝ вклучиле и физикална терапија, за да не и ослабат мускулите заради недостаток на движење.

Крунисаниот принц од Суда и институциите во Абу Даби, им понудиле на семејството да ја префрлат Абдула во Германија во 2017-та година.

Во Германија имала неколку операции, затоа што мускулите на рацете и нозете биле оштетени, но исто така примала терапија за да и се подобри состојбата.

Гужва во болница 

Година дена подоцна, додека нејзиниот син се расправал со персоналот на болницата, Абдула почнала да реагира.

„Дојде до недоразбирање во болницата и таа почувствува дека сум во опасност, што предизвика шок“- вели Омар.

„Испушташе чудни звуци, а јас ги повикав докторите за да ја прегледаат, но тие велеа дека сè е во ред.“

„Но три дена подоцна се разбудив затоа што некој ме довикуваше“.

„Тоа беше таа! Ме довика, а јас потрчав од радост, затоа што со години сонував за тој момент, а првото нешто кое таа го изговори беше моето име.“

Сега може да води кратки разговори.

Се врати во Абу Даби, повторно е оперирана и продолжи со рехабилитацијата која треба да и го олесни седењето и да ги спречи контракциите на мускулите.

Вакви случаи се ретки 

„Не е возможно да се предвиди дали луѓето кои се во кома можат да ја вратат нивната свест“, велат од британската национална служба за здравје.

Луѓето кои ја враќаат својата свест често имаат други проблеми предизвикани од повредениот мозок.

Еден од ретките случаи на враќање на свеста е Тери Волис, Американецот кој доживеал сообраќајна несреќа на 19 годишна возраст и успеал да се разбуди после 19 години поминати во вегетативна состојба. Се верува дека Волис успеал да го обнови мозочното ткиво.

Бившиот возач на формула еден, Михаел Шумахер, дожиеа повреда на главата во Франција во 2013-та година. Него комата му беше предизвикана медицински, пред да биде префрлен во Швајцарија на домашно лекување.