Бугарија од денеска почнува со олабавување на мерките кои досега беа на сила, па така од денеска рестораните повтоно се отвараат, но само оние кои се на отворени површини. Нивното работно време е од 6 до 23 часот.
Дел од локалните власти донесоа и одлуки за укинување на задолжителното носоење маска на отворено, па така од денеска во приморскиот град Бургас граѓаните веќе ја немаат оваа обврска.
Киносали, театри, музеи, библиотеки, галерии и циркуски претстави ќе примат 30% од својата публика. Истиот услов се однесува на часови по танц, креативни и музички уметности, како и спортски сали и пливачки комплекси.
Градинките ќе бидат отворени во понеделник, на 5 април, а од 12 април – по крајот на пролетната пауза, учениците се враќаат во училниците според распоредот подготвен од Министерството за образование и наука.
Олеснувањето на мерките нема да важи за големите трговски центри. До 12 април, продавниците со површина од над 300 квадратни метри, кои нудат непрехранбени производи, имаат право да работат со клиенти само на отворените простории на продавницата.
Ноќните клубови остануваат затворени до крајот на април.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

